СТРЕЛЕЦ

Госпоѓицата Стрелец можеби во вистинското време нема ни да знае дека ви се допаѓа. Оваа отворена и искрена жена најверојатно мисли дека сте и вие еден од нејзините многубројни пријатели. Сте згрешиле ако заради тоа сте заклучиле дека е наивна. Тоа не е случај, но на типичните Стрелци понекогаш потребно е да им се нацрта за едноставните работи да им станат очигледни. Заради тоа не се грижете. Ќе се најде веќе една девица или Вага која стрпливо ќе и објасни дека вашата покана за на вечера на подразбира и друштво од нејзините десет другарки со кои обично излегува. За да го освоите срцето на жената Стрелец, бидете храбри, одлучни, секогаш спремни за движење, амбициозни, успешни и пред се вистински и искрен пријател. Мислите дека е тоа невозможно? Па, погледнете ја уште еднаш вашата избраничка Стрелец. И, запомнете, никогаш не и ја ограничувајте и загрозувајте слободата, исто како што ни таа нема да има ништо против ако и вие имате свои пријатели, хоби или било каква само ваша лична занимација.


Господинот Стрелец е уште еден од оние кои јасно го ограничуваат светот на женски и машки. Како роден ловец секогаш е во состојба на подготвеност и со широко отворени очи го посматра светот. Го привлекуваат оние жени кои донекаде се слични со него. Во првата фаза на флерт или забавување, потребно е да ја делите неговата наклоност кон промени и авантуриод било кој тип. Би било добро да со себе секогаш имате подготвено патна торба, и пар планинарски чевли, доколку ве повика на краток излет во природа. Или пак, костим за капење, ако тоа биде викенд на море. Морате да реагирате на неговата брзина. Но кога господинот Стрелец облучи да оформи семејство, бестрашната хероина од авантуристички роман мора да биде спремна да ја стави престилката и да се грижи за готвењето, спремањето, децата. Се прашувате каде исчезна овој авантуристички дух од порано? Тој се разбира, сеуште постои, но сега вие сте тука да со својот човек ги делите неговите планови. Типичен Стрелец навреме ги сфаќа обврските кои ги подразбира семејството. А тоа што тој и понатаму ви зборува за егзотичните предели кои што сака да ги посети, разберете го тоа како негово патување низ фантазијата и немојте да го попречувате. Во прво време преземете ги домашните обврски на себе (на бестрашните морепловци неопходен им е период на привикнување на живот на копно) и заедно со него размислувајте за убавината на Карибските острови.